Темен режим Режим на светлина

Во Скопје во ковид – центрите има 697 пациенти, нови се 64

Вкупно 1.667 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели и во болниците во земјава, при што во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Голем број од овие пациенти се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти, а еден бил примен на Инфективната клиника, во Козле билe примени пет нови болни, а осум пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени четири пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 53 оздравени пациенти.

Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Град Скопје: За еден ден поднесени барања за половина од предвидените субвенции за велоспеди и тротинети

Следна објава

Асоцијација на архитекти: Не сме против бизнис интереси ако тие не го загрозуваат јавното добро