За Србите нема патарини, на сите странци ќе им ги плаќаме ПЦР-тестовите

Нашата држава ќе ги плаќа ПЦР – тестовите за туристите кои сакаат да дојдат, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Целта е да се поттикне туризмот, но и трошоците за вакви тестови да не бидат дополнителен товар за потенцијалните туристи.

Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство.

Предвидувањата на Владата се дека околу 50 илјади потенцијални туристи би дошле во земјава во текот на цела 2021 година.

Претходно денеска, министерот за здравство Венко Филипче во Белград најави дека од 15 јуни до 15 август, сите српски државјани кои ќе поминуваат низ нашата земја, ќе бидат ослободени од плаќање патарини како благодарност за донираните вакцини и вакцинацијата на околу 15.000 наши државјани досега таму.

Претходна вестДа сум градоначалник на Скопје, на местото на касарната „Илинден“ би направил парк-шума
Следна вестПретседателот на МАНУ: Деградацијата на образованието во Македонија е застрашувачка