Инспекторатот за труд во вонреден надзор на Собранието: Мерките за заштита од ковид се спроведуваат

Државниот инспекторат за труд при вчерашниот вонреден инспекциски надзор во Собранието, не констатирал неправилности, односно заклучил дека мерките предвидени за заштита од ковид-19 се во целост обезбедени.

Инспекторите вршеле увид во работните простории на Собранието односно канцелариите, салите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и излезите.

Надзорот следува еден ден откако во законодавниот дом двајца пратеници од мнозинството кои се во изолација, дојдоа на работа за да обезбедат кворум за гласање, меѓудругото и за петтиот пакет економски мерки.

Од овие причини денеска опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа и кривични пријави за двајцата пратеници и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претходна вестИЈЗ: Опаѓа бројот на починати и на заразени, сите се со британскиот сој
Следна вест964 мг/м3 ПМ 10 честички измерени утрово кај Ректорат, по цела ноќ полициски час