964 мг/м3 ПМ 10 честички измерени утрово кај Ректорат, по цела ноќ полициски час

Загадениот воздух си се одомакини во Скопје. Некогаш е многу загадено, некогаш помалку, ама си тлее…

Полицискиот час веќе неколку недели е од 20 до 5 часот. Тоа значи дека низ улиците нема автомобили со исклучок на оние кои имаат дозвола за движење. По логиката на изјавите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, намалената фрекфенција на возила е фактор за намалување на загаденоста, но параметрите од изутрината не говорат за такво нешто.

Имено, според мерењата достапни јавно, најстрашна е ситуацијата кај Ректорат каде се регистрирани 964 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, многу пати над дозволената граница. Од скопските општини втора по загаденост е Лисиче со измерени 49 микрограми на метар кубен. Од градовите во внатрешноста на Македонија, најстрашно е во Велес, па во Кавадарци.

Како ова ќе го објасни градоначалникот? Ги гледа ли тој мерењата? Ако автомобилите се најголемите загадувачи тогаш зошто во 7 часот изутрината, само два часа по завршувањето на полицискит час, параметрите на загаденост се толку високи? Кои се вистинските загадувачи на Скопје?

Претходна вестИнспекторатот за труд во вонреден надзор на Собранието: Мерките за заштита од ковид се спроведуваат
Следна вестСкопскиот аквадукт конечно прогласен културно наследство од исклучително значење