И ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Талат Џафери и двајцата инфицирани пратеници

Кривични пријави за прекршување на Кривичниот законик од страна на Претседателот на Собранието, Талат Џафери и двајцата заразени пратеници Бисера Костадиновска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, поднесе денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од опозициската коалиција. Причина за пријавата е фактот дека је прекршиле обврската за домашна самоизолација и учествуваа во работата на парламентот и во скафандери гласаа по точките од 32. и 36. седница.

Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи  во време на пандемија, изјави пратеничката Ели Панова.

Таа додаде дека очекуваат дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава.

отенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно. Со оглед на тоа што сметаме дека Македонија мора да биде држава во која што ќе работат институциите особено Јавното обвинителство и судството, се надеваме дека Јавното обвинителство ќе се издигне над притисоците од страна на власта и ќе постапи истото, потенцира Панова.

Инаку, денеска слична тужба поднесоа и пратениците на „Левица“.

Претходна вестАсоцијација на архитекти: Не сме против бизнис интереси ако тие не го загрозуваат јавното добро
Следна вестУгостителите протестираа, Владата го одобри пакетот помош за нив