Бројката на заразени се намали на 766, но на починати и натаму е над 30

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, при што регистрирани се 766 нови случаи на заразени со коронавирус. Но, бројката на починати и денеска е 31 лице на возраст од 48 до 84 години.

Од починатите, најмногу 8, се од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г).

Од новите 766 заразени, во Скопје се 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18. 658. Од нив 8.401 се во Скопје.

Претходна вестИзмамен охриѓанец уплатил 4.530 евра па залудно чекал наследство од Франција
Следна вестСо мехатроника почнав да се занимавам уште кога имав 10 години