Темен режим Режим на светлина

Им издале дозвола за нелегална работа на 87 странци, заработија кривични пријави

Двајца вработени од Агенцијата за вработување заработиле кривични пријави откако се осомничени дека овозможиле нелегална работа за 87 странци со што државата е оштетена за околу 9.500 евра. Кривична пријава против  Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353-а став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР пријавените, во периодот од 20.11.2020 до 22.01.2021, спротивно на член 13 став 1 точка 1,2,3,и 4 од Законот за вработување и работа на странци, изготвиле и издале 14 образци за пријава на работа на странци на територијата на Македонија на правно лице со што всушност легализирале нелегален престој и работа на вкупно 87 лица странски државјани.

На тој начин му овозможиле на правното лице да избегне плаќање на давачки кон државата по основ на персонален данок на доход и плаќање на давачки за придонеси по основ на задолжително социјално осигурување во износ од 593.056 денари, за која сума правното лице прибавило противправна имотна корист и воедно за истиот износ пријавените предизвикале штета на буџетите на Фондовите на Македонија, се наведува во информацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Да не распишаа тендер за поправка на фонтаната на плоштадот?

Следна објава

Како благодарност за вакцините и вакцинираните: Српските државјани летово без патарини ќе патуваат низ земјава