Претрес во ќелиите на осудените за „Диво насеље“, најдени телефони и други предмети

Неколку мобилни телефони и други предмети утринава се одземени при претресот на ќелиите на осудените за случајот „Дивo насеље“ во затворот „Идризово“. Во веста што ја објавува аганцијата МИА се наведува дека претресот е извршен во 5 часот изутрина.

Од Управата за извршување на санкции информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.

Акцијата поминала во најдобар ред и без инциденти.

Претходна вестТри лица од Македонија во Грција шверцувале дрога, автомат, митралез, куршуми…
Следна вестЛазаров го објави поширокиот список за натпреварите со Финска и Швајцарија