Во Корча објавена книга на албански јазик за македонското малцинство во Преспа и Врбник

„Хармонска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник“ е насловот на книгата што деновиве е објавена во Албанија, на албански јазик, од професорката Марија Дојче која предава на универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.

Објавата ја помогнал Васил Стерјовски, пишува весникот на македонското малцинство во Албанија „Илинден“.

-Се заложи за објавување на едно од многуте научни истражувања направени меѓу Македонците во преспанскиот крај во Албанија. Македонците во Преспа и во Врбник имале можност да соработуваат со авторката Дојче, која своите сознанија ги внела во овој труд, велат од издавачката куќа.

Инаку авторката Марија Дојче десет години е професор на катедрата за соцологија на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча. Додипломски студии завршила на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина, а постдипломски студии на Универзитетот во Тирана. Има спроведено и низа обуки во областа на позитивна психологија, ефективно родителство и критичко размислување на универзитетите Кент, Оксфорд и Монаш.

Претходна вестКога „масовното вакцинирање“ ќе стане навистина масовно?
Следна вестПретежно облачно со повремени врнежи