Претежно облачно со повремени врнежи

Времето денеска во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

И во останатиот дел од Македонија денеска ќе биде претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет,а попладне на места ќе бидат пообилни.

Метеоролозите најавуваат дека на планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

 

Претходна вестВо Корча објавена книга на албански јазик за македонското малцинство во Преспа и Врбник
Следна вестУспешно извршена и втора трансплантација на срце