Темен режим Режим на светлина

Конкурс за поезија и проза посветен на Конески и Чашуле објави списанието „Современост“

Конкурс за проза и поезија, посветени на македонските великани Блаже Конески и Коле Чашуле, објави списанието „Современост“, по повод 70 години од излегувањето на првиот број.

-Во знак на одбележување на 70-годишнината од постоењето на „Современост“, редакцијата на списанието ги охрабрува писателите, поетите, есеистите и професионалните истражувачи на делото на овие двајца, но и на другите творци поврзани со историјата на списанието да ги испратат своите прилози на е-адресата: mksovremenost@gmail.com до крајот на месец август 2021 година, наведуваат од „Современост“ во објавата за повикот.

Великанот на македонската литература и долгогодишен соработник на списанието со свои редовни објави – Блаже Конески, бил и еден од уредниците на првото списание за литература „Нов ден“ (1945-1951), списание-претходник на „Современост“. Првиот број на најстарото македонско книжевно списание бил во издание на Книгоиздателството „Кочо Рацин“, во редакција на Киро Хаџи Василев, Ацо Шопов и Коле Чашуле, а низ историјата од него дел биле и големите македонски писатели и книжевни теоретичари, како Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Владо Малески и други.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Поранешниот генерален секретар Драги Рашковски си поднесе оставка

Следна објава
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Променливо облачно со краткотраен пороен дожд