Темен режим Режим на светлина

18 април, Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Во недела, на 18 април се одбележува Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, а темата е „Комплексно минато: разновидна иднина”. Целта на темата годинава е да се иницира дискусија и критичко испитување на минатото преку зачувувањето на културното наследство.

-ИКОМОС сака да промовира нови дискурси, различни и нијансирани пристапи кон постојните историски наративи, поддржувајќи инклузивност. Тоа се, пред сè, осврти кон споменици и/или локалитети кои биле намерно разурнувани, споменици на опресија и угнетување, како и третманот на домородните населенија и нивното наследство, нагласувајќи ја повеќеслојноста на историјата и наследството и нивното различно значење за различни заедници, соопшти Националниот комитет – ИКОМОС Македонија.

ИКОМОС Македонија утре и задутре (15 и 16 април), на своите страници на социјалните мрежи (Фејсбук, Линкдин, Твитер и Инстаграм) ќе спроведе интерактивна онлајн-анкета поврзана со глобалната тема, а резултатите ќе ги објави на 18 април.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Зошто во Македонија не се направи посериозна анализа за високата смртност од ковид 19?

Следна објава
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Променливо облачно, вечерва со услови за дожд