Во Скопје и околината времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а во текот на вечерните часови ќе има и услови за дожд. Максималната температура ќе се искачи до 13 степени.
Слично време се очекува и на останатото подрачје во Македонија – ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголемвува и од југозапад ќе започнат повремени врнежи од дожд, додека на планините снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер, а температурата ќе се искачи од 9 до 17 степени.
За утре прогнозата е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




