И пешачкиот тргнал пеш по „Јуриј Гагарин“

Уреден тревник е идеално место за во него да заврши пешачки премин! Ова е лекција која скопските креатори на урбанистички и сообраќајни решенија ја демонстрираат во скопската населба Капиштец, на улицата „Јуриј Гагарин“. На фотографијата која почна да се споделува на социјалните мрежи убаво се гледа како пешачкиот премин на оваа сообраќајница завршува точно во тревникот. Апсурдот да биде поголем, на неколку метри десно се наоѓа уредена пешачка патека по која граѓаните и приоѓаат на улицата. 

-Вака е речиси година дена откако е вцртан пешачкиот премин, тука има и влез за паркинг, но апсурдно е да се постави вака пешачкиот. Погрешен е или тој или пешачката патека. Не можеа ли да се усогласат планерите?, коментира еден граѓанин.

И другите граѓани имаа коментари.

-Тунел да беше па ќе го погодеа… Едниве со метро мајсторско работеле, а другиве со кројачко? Најглупиот пешачки премин. Му се восхитувам секој ден. Ако чекаш на патеката никој не ти застанува пошто не си на пешачки!!!… А можда е и по некој шуи, шо не е фенг…иронично коментриаа граѓаните.

До кога ќе биде вака не се знае. Може пешачкиот е оставен сам да се врати на вистинското место.

Претходна вестПриведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор
Следна вестПриведен агент за недвижности, се сомничи за измама на повеќе купувачи на станови