Советот на Центар не ни планирал да донесе одлука за суспензија на ДУП-от кај ГТЦ, се отвори ли патот за трите висококатници?

Прекина седницата без да се донесе одлука да се побара суспензија на ДУП-от за паркингот кај ГТЦ. Така вчера заврши седницата на Советот на општина Центар. Советот, се чини, не ни планирал да донесе таква одлука бидејќи нејзиното изгласување воопшто не било ставено на дневен ред. Наместо тоа, советниците расправале по информацијата околу процесот на ревидирање на ДУП-овите во оваа општина и можностите кои ги има општината по укинувањето на мораториумот од страна на уставните судии.

Претседателката на Советот Цветанка Симоновска ја прекинала седницата бидејќи дебатите се вртеле во круг. Таа рече дека медиумите погрешно пренеле дека Советот  треба да донесе одлука за суспензија

-Не ја гледам целисходноста на дебата во која Советот само разгледува информација, без обврска да донесе некаква одлука. Затоа што не можеме да донесеме ниту препорака, ниту заклучок, ниту одлука за суспензија, а сите се на штрек очекуваат такво нешто, а тоа не беше ниту точка на дневен ред, рече Симоновска.

Претходно, градоначалникот Саша Богдановиќ предупреди дека ќе настанат големи штети по општината доколку се побара суспендирање на спорниот урбанистички план.

Според новиот Закон за урбанистичко планирање штетите што би настанале од суспендирањето на планот и отстранувањето на недостатоците на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општина ЦентарАко се тргне во постапка за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект може да се соочиме со штета. Нас ни се подготвени елаборатите, но што ако после суспензијата некој тужи. Сите знаеме какви се процедурите и дека е невозможно во рок од 12 месеци да се донесе нов план. Мојот став е дека мора да продолжи ревидирањето на деталните плановирече Богдановиќ,

Тој рече дека ги изработиле елаборатите за суспензијата на ДУП-от но за да се донесе конечна одлука за супсензија требало да се добие мислење од Министерството за транспорт и врски, кои ја немаат допрецизирано методологијата. Вчера, пак, министерот за транспорт Благој Бочварски го повика Богдановиќ да поднесат елаборат за супсензија.

Советничката Јана Белчева Андреевска нагласи дека градоначалникот веќе некое време се обидува да се оправда.

– Сето ова одлговлекување на неиспраќање на елаборатите кои се веќе изготвени и се изготвени подолго време од стручните служби практично се искористило за купување време, малку за замајување на јавноста за да дојде до одобрување на проектот, да се овозможи чист терен за издавање дозвола за градба, рече Белчева Андреевска.

Таа укажа дека според членот 9 од Законот за урбанистичко планирање стои дека штети можат да настанат и од суспендирање на планот, но постојат и штети од неотстранување на недостатоците на урбанистички план.

Ме прашувате кој ќе ја плати таа штета, па истите тие граѓани кои изминативе години откако сте градоначалник го плаќаат кошаркарскиот клуб „Работнички“ и за кого од парите на граѓаните дадовме 78 милиони денари. Здравјето и хуманото живеење на граѓаните треба да биде поважно од сèТие штети можеби не можат да се измерат во милиони евра, ама се загрозен квалитет на живеење на граѓаните, загрозено здравје и една поразителна немоќ и порака дека битката е изгубена и дека секогаш во урбанизмот можат да победат насилните и алчните, рече Белчева Андреевска.

Претходна вестПроменливо облачно, вечерва со услови за дожд
Следна вестПратениците не ги изгласаа економските мерки за кои велеа дека се итни, Џафери најавува карантин…