Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно со краткотраен пороен дожд

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Во скопското подрачје денеска ќе биде променливо облачно со повремен, краткотрајно пороен дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во останатите подрачја на Македонија времето ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Конкурс за поезија и проза посветен на Конески и Чашуле објави списанието „Современост“

Следна објава

Возач загина, три лица повредени во сообраќајка кај Ростушки мост