Темен режим Режим на светлина

Возач загина, три лица повредени во сообраќајка кај Ростушки мост

Едно лице загина, а три други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Маврови анови – Дебар. Според првичните информации во сударот во близина на Ростушки мост учествувало едно патничко и едно товарно возило.

– Се судриле патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија, соопшти полицијата.

Во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршија Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Променливо облачно со краткотраен пороен дожд

Следна објава

Повеќе насилници тепале дете во Кочани, добија кривична пријава