Дали референдум ќе ги спаси скопјани од бетонските облакодери кај „Холидеј ин“?

Премиерот не гледа проблем што ќе никнат облакодери кај „Холидеј ин“, ако имало зеленило и биле во согласност со плановите, градоначалникот пак на Центар Саша Богдановиќ бара и очекува поддршка за евентуално суспендирање на ДУП-вите – во ваква констелација, скопјани се скептични дека дури и да излезат на референдум против висококатниците, нема да бидат послушани. А и Богдановиќ последно порача дека изгледа ќе мора да се дозволи градењето.

-Сме биле сведоци како рефререндумски изјаснувања во други општини не донесоа ништо, не дека треба да се откажеме, но нас име на држава ни променија иако го бојкотиравме референдумот- а не па нешто друго, коментираат скопјани на социјалните мрежи.

Од друга страна пак висококатниците предвидено е да имаат 400 станови во кои би требало да живеат околу 1 200 до 1 300 луѓе, рече синоќа на една од националните телевизии, архитектот на облакодерскиот проект Мартин Пановски.

Според поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти пак, Даница Павловска, висококатниците кај „Холидеј ин“ кои јавноста ги нарече бетонски ѕверови – се „злоупотреба од страна на власта и вулгарен профит“.

Се уште има време тоа да се спречи, само треба добра волја од надлежните. Ја имаат ли?

Претходна вестВладата го објави списокот со хонорарци – сумите се од 14.500 до 60.000 денари
Следна вестИзложба на Сашо МИлевски во КИЦ од 14 до 28 април