Се преврте фабрички автобус на патот Битола- Кичево

Попладнево во 14:25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.

Според првичните информации на екипите на СВР-Битола, пред автобусот наишол трактор и со цел да биде избегнат директен судир, возачот на автобусот го избегнал судирот, но со превртел во непосредна близина на коловозот.

Од СВР Битола не ги потврдуваат информациите од локалните медиуми дека некои од патницитте се пренесуваат во болницата во Битола.

Увидот е во тек. 

Претходна вестЗаев нема против висококатници ако се според ДУП-от, Богдановиќ бара поддршка за преиспитување на одлуката на Уставниот суд
Следна вестВладата го објави списокот со хонорарци – сумите се од 14.500 до 60.000 денари