Заев нема против висококатници ако се според ДУП-от, Богдановиќ бара поддршка за преиспитување на одлуката на Уставниот суд

Трите згради на паркиногт кај ГТЦ треба да се градат ако се предвидени со Детален урбанистички план (ДУП) и се согласно законите, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој одговори на новинарско прашање врзано за проблемот околу најавената изградба на овие објекти од страна на фирмата „МГ Фешн“ и на МПЦ-ОА и отпорот во јавноста.

– Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но и почитувањето на законот и Уставот е вредно за почитување и размислување. Ако наш сограѓанин добил одобрение за градба треба да се види дали решението е согласно ДУП и ГУП, како и според одредбите на Законот за градба и Законот за урбанистичко планирање. Ако се нарушени одредбите од овие закони не треба да се дава одобрение за градба, но ако се исполнети секако дека треба секој да го искористи уставното и законското право да добие дозвола за градење, објасни премиерот Заев.

Инвеститорите за овие објекти веќе уплатиле комуналии во висина од 2,4 милиони евра и сега очекуваат добивање на дозвола за градба од страна на општина Центар. Ова беше овозможено откако Уставниот суд го укина мораториум на ДУП-овите кои пред три години го воведе Советот на општина Центар за 31 план.

Врзано со ова, градоначалник на Центар Саша Богдановиќ денеска одржа онлајн состанок со Државната комисија за спречување на корупцијата на која се зборувало за актуелните случувања со паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“.

-Богдановиќ побара и поддршка од ДКСК, од останатите надлежни институции за постапување, но и од јавноста за Уставниот суд повторно да ја стави на разгледување последната одлука за укинување на „мораториумот“ во Општина Центар. Намерата на општинската Одлука за суспензија на ДУП-овите беше донесена за да се хуманизира просторот за живеење во централното градско подрачје, да го намали загадувањето на околината и атмосферскиот воздух при носењето на нови ДУП-ови и конечно да воведе ред во урбанистичкото планирање во Општина Центар, се наведува во соопштението по средбата.

Претходна вестКовид-статистика: 193 новозаразени, но дури 34 починати
Следна вестСе преврте фабрички автобус на патот Битола- Кичево