Нови 49 пациенти со ковид примени во болниците во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 726 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 27 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 3 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 7 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Вкупно во болниците во државата има вкупно 1.735 пациенти со ковид.

Претходна вестЗаев, Села и Гаши објавија договор за државјанствата, ама им фали согласност од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Следна вестКовид-статистика: 193 новозаразени, но дури 34 починати