Откако пред малку ги соопшти високите бројки на новозаразени, министерот за здравство Венко Филипче, најави нови превентивни мерки против корона вирусот. Тие ќе бидат доставени во Владата на усвојување.
-Се предлага забрана на поголеми собирање во домашни услоови, во едно живеалиште. Таму ќе биде дозволено да прстојуваат најмногу четири лица плус оние кои имаат адреса на живеалиштето. Со ова ќе спречиме групирањата од угостителски објекти да се префрлат во домовите, рече Филипче.
Предложена е и забрана за групирање на отворен простор по 22 часот, во паркови и други места.
-Се предлага и задолжително носење на маски, марами, шалови секаде на отворен простор, во јавен и приватен транспорт. Исклучок од ова ќе биде индивидуално спортување, деца до шест години, и други ситуации, рече Филипче.