Темен режим Режим на светлина

(ФОТО) Џабе апелите возете одговорно: Камионче и кола се судрија на раскрсницата кај Градска болница

И покрај постојаните апели од полицијата да се вози внимателно и одговрно, да се почитуваат знаците и сигнализацијата, речиси секојдневно сме сведоци на судари низ скопските улици.

И покрај тоа што е викенд, сообраќајот низ Скопје и денеска е особено густ, па така сведоци бевме на судар меѓу камионче и автомобил на раскрсницата кај старата Градска болница.

Она што е невообичаено е што всушшност на оваа раскрсница работат и семафорите, а често има и сообраќајна полиција која го регулира сообраќајот.

Ако се суди според бројките на дневно напишани казни во Скопје, тогаш винаа треба да ја бараме кај нас, граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Акција низ скопските пазари – запленети 860 килограми режан тутун

Следна објава

Жител на Љубин крадел графички картички и струја