(ФОТО) Филипче на Фејсбук ги покажа фрижидерите за вакцините

-Фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, објави утрово министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил, каде објави и фотографии од просторијата што се наоѓа во Трансфузиологија.

Неговата објава е два часа пред тој да замине на граниничниот премин Табановце каде Србија ни предаде 4.680 дози од вакцините „Фајзер“, прв дел од околу 8.000 вакцини кои соседната земја ќе ни отстапи од својот набавен контингент.

Ова се и првите вакцини што нашата земја ги добива воопшто и ќе бидат наменети за првите кои се на листата за вакцинирање- здравствените работници.

Претходна вестСловенија планира самит ЕУ-Западен Балкан во септември, но има ли волја од Брисел?
Следна вестКонечно: Првите вакцини против ковид-19 влегоа во земјава преку Табановце