(ФОТО) Се фатија за метла кај „Технометал Вардар“ како „лисица со опашка“

Со месеци жителите и оние кои секојдневно поминуваат на оваа локација реагираа дека некогашната зграда на „Технометал“ во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се претвора во депонија која не само што го покажува грдото лице на негрижата и невоспитаноста на луѓето, ја покажува и игнорантноста на локалните власти преку претпријатијата за одржување на хигиена да одржат какво-такво ниво.

Во јуни и ние објавивме фотографии како изгледа ова место, кое некогаш предизвикуваше воодуѓшевување, сега само гадење. Денеска, после толку месеци, тука забележавме рабтници на Комунална хигиена ки го собираа ѓубрето.

Но откако си заминаа можеше да с евиди вистинската слика, што со колоквијален речник може да се опише како „лисица со опашката“.  За да не биде дека ние нешто премногу бараме, еве две фотографии од пред (јуни) и потоа (денеска):

Што е причината некој сега да се фати за метла после толку месеци? Еден од одговорите е дека се локални избри, а вториот е дека веднаш тука се наоѓа штабот на кандидатот на СДСМ за градоначалник за Скопје Петре Шилегов, кој е сместен во некогашното кафуле „Гнездо“.

 

Претходна вестВладата го обвини професорот Георгиев за инсинуации
Следна вестДоаѓа ли крај на невообичаено топлите есенски денови?