Г.г. Стефан: Како македонски народ, пред никого и за ништо да не отстапуваме од своето, од вековното!

Народите повторно се соочени со големо страдање и со зголемена смртност. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат ближните. А покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и на душата, порача во своето Божикно послание архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Во Посланието и во име на Светиот Синот на МПЦ-ОА тој потенцира дека ова е време кога особено се испитува нашата вера.

Животот на народите, и покрај сите постигнувања, постанува сè потежок и понеизвесен. Живееме во време со многу кризи: на економски, политички, социјален, образовен, здравствен и особено на морален план. Во светот секојдневно има сè повеќе човечки трагедии и страдања; сè повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, горделивоста, а  љубовта сè повеќе е заменета со омраза и доброто со зло! А тоа е така зашто сè помалку Го имаме Христа во животот, а и на другите не им го правиме она што сакаме другите нам да ни го прават. Затоа и не можеме да ја разбереме целта на човековиот живот и неговата смисла, ниту, пак, можеме да го најдеме патот на спасението – зашто се оддалечивме од Бога, но и едни од други, порача пглаварот на МПЦ-ОА.

Тој додаде дека отуѓувањето од Бога значи духовна смрт и чекорење во темнина а дека  луѓето како да заборавииле дека без Бога, не можат да прават ништо.

Оваа состојба, која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Еве, и во 21-от век, за жал, продолжува оспорувањето на правото за национално самоопределување, како и непочитувањето на човековите права и слободи. Некои заборавија дека само она што се потпира врз вистината и правдата, дека само тоа што се создава во мир и со љубов, само тоа останува да живее во времето. Сегашноста и иднината не создале и не можат да создаваат минато или, по нечија желба, да го менуваат истото. Само луѓето и народите, поучени од минатото, можат да се менуваат и да се поправаат, за лошото да не се повтори. А историјата ни сведочи дека на сè што се потпира врз сила и невистина, кога-тогаш му доаѓа крајот. Затоа, како македонски народ, пред никого и за ништо да не отстапуваме од своето, од вековното!, нагласи архиепископот Стефан.

Претходна вестПроменливо облачно со повремен дожд
Следна вестСе слави Божик, раѓањето на Исус Христос, на мирот и на добрата волја меѓу луѓето