Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно со повремен дожд

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Во Скопје денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2.

На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите најобилни ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка, особено во Шарпланинскиот масив. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

По 50 години од творештвото на Петрески, објавен првиот том тинејџерски приказни

Следна објава

Г.г. Стефан: Како македонски народ, пред никого и за ништо да не отстапуваме од своето, од вековното!