Делата на омилениот раскажувач на тинејџерски приказни преточени во романи, Горјан Петревски, се собрани во прв том, во издание на „Македонска реч“.
-Овој проект го опфаќа само романескното творештво и се совпаѓа со седумдесетгодишнината од раѓањето и педесетгодишнината од појавувањето во македонската литература на Горјан Петревски. Во шесте тома ќе најдат место осумнаесет романи кои го одбележаа творештвото на овој автор, а меѓу нив и три нови наслова кои досега не се публикувани. На тој начин се заокружува неговиот богат опус во кој се обработуваат сложени теми од животот, главно, на тинејџерите, но кои ја засегаат и возрасната публика, информираат од Македонска реч.
Објавена е познатата трилогија: „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот со Споменка“, за која во 2006 Горјан Петревски ја доби Наградата „13 Ноември“.