Г.г. Стефан во Белград: МПЦ-ОА ќе продолжи да оди кон автокефалниот статус, браќа-архиереји од СПЦ знаеме дека сте подготвени да помогнете

Очекување дека МПЦ-ОА ќе дојде до конечниот статус на автокефална православна црква и дека Српската православна црква ќе помогне на тој пат, кажа денеска архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Тој се обрати по заедничката „Литругија на помирување“ што ја оддржа со српскиот патрихарх Порфиирије.

Со таа литургија се воспостави канонско единство меѓу МПЦ-ОА и СПЦ откако Соборот на СПЦ пред три дена соопшти дека за Македонската православна црква го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.

Архиепископот Стефан рече дека воспоставеното еднинство помеѓу двете Цркви е, а со тоа и со сите помесни православни цркви, е настан за кој се радуваат и Свет Климент Охридски и Свети Сава Српски и сите светители.

-Ваша светост, МПЦ-ОА трудејќи се да го запази единството на духот, преку врските на мирот, ќе продолжи по патот што служи и води и служи за мир, и взаемно надградување. Ќе продолжи по патот што ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, исклучително и нашето барање за конечно решение на авткефалниот статус на нашата света православна црква. Ние во МПЦ-ОА непоколебливо веруваме дека деновиве ќе доживееме полна радост, радост во Господа, со одлука од вас ваша светост, со браќата архиереји на СПЦ. Имено, знаеме колку е добро да се слави Господ и да му се пее на името на Севишниот, а знаеме дека сте подготвени да помогнете уште на овој Собор повеќедецениската тага да се претвори во постојана радост во душите на свештенослужителите, на монаштвото, на верниот народ во Македонија и до каде што не има во светот, рече македонскиот поглавар.

Тој додаде дека МПЦ-ОА е свесна на задачите кои претстојат.

-Ние сме свесни, дека сме повикани да се облечеме во љубов во онаа љубов што поврзува, дека мирот Божју треба да превладее во срцата наши, дека сме повикани во едно тело и дека треба да сме благодарни. Исто така, ги разбираме задачите што од нас, од денес па натаму претстојат пред нашата Архиепикопија, како и обврските  на на сиот верен народ. Верувам дека со Божја помош во ова и вакво време ќе ги исполнуваме добиените одговорности за кои сме повикани. Така поткрепени од надежта во Божјата Благодат веруваме дека ќе го поднесуваме товарот. Наоѓајќи се во канонско и евхаристичко единство со сите православни цркви ќе продолжиме уште повеќе да растеме како црква, нагласи г.г. Стефан.

Инаку, на заедничката литургија (по неколку децении) одржана во централната црква во Белград пристигнаа илјадници верници.

Претходна вестЕУ пак не повика да најдеме решение, а кога ќе се самоповика во одбрана на сопствените стандарди?  
Следна вестДНК анализата потврди дека телото извадено од Дунав е на Матеј Периш