ДНК анализата потврди дека телото извадено од Дунав е на Матеј Периш

Телото кое вчера беше изведо од Дунав е на сплиќанецот Матеј Периш, кој за време на новогодишната прослава изчезнал во Белград, објавуваат српските медиуми.

Во информацијата се наведува дека е тоа го покажала ДНК-анализа по обдукцијата на телото. ДНК материјал е спореден со ДНК магтријал на Ненад Периш, таткото на Матеј.

Според првичните информации по обдукцијата причина за смртта е давење. На Институтот за судска медицина ќе се прават и токсиколошки анализи но за тие резултати ќе треба подолго време. Во Белград се пристигнати и претставниците на хрватската полиција.

Претходна вестГ.г. Стефан во Белград: МПЦ-ОА ќе продолжи да оди кон автокефалниот статус, браќа-архиереји од СПЦ знаеме дека сте подготвени да помогнете
Следна вестПризнати сите крштевки, венчавки… извршени додека МПЦ-ОА беше надвор од канонско единство