Признати сите крштевки, венчавки… извршени додека МПЦ-ОА беше надвор од канонско единство

Со денешната „Литургија на помирување“ меѓу достоинствениците на МПЦ-ОА и на СПЦ признаени се и сите свети православни тајни што им се правени на верниците во храмовите на МПЦ-ОА додека таа беше непризнаена од страна на Српската православна црква и други православни цркви. Со тоа, направените крштевки, венчавки, причестувања, покајанија, прстенувања како и елеосвештенство, стануваат призанати во Православието. Ова по литургијата го најави Јован Вранишкоски, архиепископ на ПОА, кој се одвои од МПЦ-ОА за да и се приклучи на СПЦ во 2002 година.

– Со влегувањето во евхаристичкото општење са СПЦ, ретроактивно се признаваат сите свети тајни и молитословиа што се извршени во МПЦ-ОА, сето време додека таа не беше во единство со СПЦ а преку неа и со сите Православни цркви, рече денеска Вранишкоски.

Македонските верници кои биле крстени, венчани и слично во црковните храмови на МПЦ-ОА често имаа проблеми во храмовите на Српската православна црква чии достоинстевници не ги признаваа направените свети тајни. Во некои ситуации српски свештеници не правеа проблеми, но често реагираа.

Инаку, врзано со Јован Вранишкоски, сега постојат дилеми околу неговата иднина како архиепископ на ПОА. Тоа прашање ќе треба да се решава во иднина откако СПЦ ја прими МПЦ-ОА во канонско единство како „автономна црква“. Од ова произлегува дека на територијата на Македонија сега постојат две автономни цркви признаени од СПЦ – Православна охридска архиепископија на Јован Вранишкоски која доби и Томос за автономна црква од СПЦ, и МПЦ-ОА. Сега е и прашањето на кој начин и по кој основ ќе се изврши обединувањето на двете автономни црквиСрпските медиуми деновиве објавуваа дека е можно ПОА да биде преземена од страна на МПЦ-ОА, а архиепископот Јован Вранишкоски да биде пензиониран поради лошата здравствена состојба. Достоинствениците на ПОА би требало да да бидат распределни по манастирите и по епархиите на МПЦ-ОА.

Претходна вестДНК анализата потврди дека телото извадено од Дунав е на Матеј Периш
Следна вестМицкоски: Ако се прифати барањето на Радев за преговарачка рамка, тоа ќе значи комплетна капитулација