Вучиќ: Отворен Балкан е најдобрата иницијатива за народите на Балканот, подготвуваме големи работи

Пофалби за иницијативата „отворен Балкан“ повторно упати претседателот на Србија Александар Вучиќ. Имено, тој денеска најави големи работи за граѓаните на Србија, Македонија и Албанија по разговорите со партнерите од двете земји за натамошен развој на соработката во рамките на иницијативата.

– Отворен Балкан е најдобрата иницијатива за народите на Балканот. Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија, истакна Вучиќ преку социјалните мрежи.

Инаку, на почетокот на јуни во Охрид се очекува средба во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, на која ќе присуствува и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Како што јави РТЦГ, Абазовиќ изјавил дека се уште не слушнал валиден аргумент дека оваа регионална иницијатива не е добра за Црна Гора. Тој вчера за новинарите истакна дека претставниците на Црна Гора како набљудувачи и претходно биле на самитите на иницијативата Отворен Балкан и оцени дека треба да се прифати секоја регионална иницијатива која би можела да ја забрза европската интеграција на земјата, нагласувајќи дека нема алтернатива за членството во Европската унија.

 

Претходна вестРевизорите бараат да се преиспитаат патните трошоци на пратениците
Следна вестУжасно, пак прегазен пешак на улица