Ужасно, пак прегазен пешак на улица

Ударот и прегазувањето од патничкото возило било фатално за жител на Струга во сообраќајна несреќа што се случила вчера во струшкиот регион. Полицијата соопшти дека сообраќајката се случила вчера на регионален пат во Враништа, возач на 18-годишната возраст кој управувал „Фолксваген пасат“ прегазил 54-годишен маж од Струга.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал, информира МВР.

За жал, оваа не е единствена сообраќајна несреќа во која деновиве загинуваат или се повредени пешаци. Завчера, во сообраќајка во скопската населба Ѓорче Петров, исто така, настрада пешак.

-Автомобил „Ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрил во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај. На местото на несреќата починал С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираа од МВР.

Вчера, пак, на крстосница од булевар „Крушевска Република” со булевар „Кочо Рацин“, камион „Форд” управуван од З.Е.(55) од Скопје, удрил во Е.М. (34) од Скопје.

-Во несреќата со тешки повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје, соопшти полицијата.

Повреден пешак пред четири дена имало и во скопското село Кондово. Таму на полицијата и било пријавено дека патничко моторно возило „Опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од село Радуша удрило во малолетник од село Кондово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот.

Ќе успее ли полицијата да воведе ред на улиците? Ќе се свестат ли здивените возачи дека сеат опасност?

 

Претходна вестВучиќ: Отворен Балкан е најдобрата иницијатива за народите на Балканот, подготвуваме големи работи
Следна вестАктивни 582 случаи на Ковид – 19