Активни 582 случаи на Ковид – 19

Во последните 24 часа направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од нив во Скопје се 77, Битола – 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2,  Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции. Регистрирано е 91 оздравен пациент

-Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.701, бројот на оздравени пациенти е 301.819, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 582.

Претходна вестУжасно, пак прегазен пешак на улица
Следна вестБислимовски: Манипулациите на општините може да ја поскапат струјата за граѓаните за десет отсто