Голманот на Вардар Филип Гачевски испрати искрена порака до навивачите пред саботниот старт на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Вардар по паузата, значително ослабениот играчки кадар и финансиската неизвесност ќе се обиде оваа пролет да дојде до водечките две позиции на табелата кои водат кон Првата лига.
Гачевски преку видео објава побара поддршка од навивачите.
– Во сабота секој вардарец мора да биде на стадион. Играме за Комити, играме за Вардар. Вашата поддршка во овој момент ни е најпотребна затоа што не смееме да дозволиме Вардар да пропадне. Сега кога ни е најтешко да покажеме заедно дека сме најсилни, се вели во видеото.