Гаши: Не знам дали сме ветиле точен датум за уставни измени

„Не знам точно дали сме ставиле некој датум, но сепак тоа е работа која зависи од 80 пратеници…“, изјави  претседателот на Собранието Африм Гаши во интервјуто за Радио Слободна Европа. Тој така одговари на прашњето што ако не го исполнат ветувањето за внесување на Бугарите во преамбулата до крајот на годината за да продолжат преговорите со ЕУ

-За тоа треба да се најдат 80 пратеници. Што се однесува до коалицијата ВЛЕН, а мислам дека и сите албански пратеници, ќе гласат за уставните измени кога и тие да дојдат на дневен ред. Така да, ние ќе се залагаме за тој принцип, ќе се залагаме за што побрзо интегрирање на нашата земја во Европската Унија, но тоа знаеме дека е комплексно прашање и ќе работиме сите заедно тоа да се случи што е можно побрзо, додаде тој.

Во програмата на „Влен“ крајот на 2024 година е посочен како краен датум за носењето на уставните измени.

Врзано за најавената претставка против него од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска за прекршување на Законот за употреба на македонски јазик, бидејќи заклетвата ја кажа прво на албански, а потоа на македонски јазик тој рече дека се навраќаме на работи кои се од технички аспект.

-Јас ја прочитав свечената изјава на двата јазици, а ги прочитав како што беше читано од пратеничката што претседаваше, сигурно по некои технички причини. Не верувам дека било намерно, а и да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви делови. Но, и демократско право е на секој пратеник и на секој граѓанин, ако мисли некој дека некое право е прекршено, да реагира, да бара право, и тие што го прекршиле законот да одговарат, нема никаков проблем, рече Гаши.

Тој потенцира дека албанскиот јазик е еден од официјалните јазици во државата, кој го зборуваат над 20 отсто од граѓаните. Но, рече – ако некој бара правдина, супер, јас сум за тоа.

Претходна вестМакедонија до 21 година ја декласира Полска
Следна вестВо Боговиње убиен 47-годишен маж