Гази Баба добива Зелен катастар

Точни податоци за зеленилото на своето подрачје ќе добие скопската општина Гази Баба во рамките на Зелен катастар околу чија изработка започнаа активностите во Општината. Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека изработката на Зелениот катастар ќе биде основа за унапредување на зелените урбани површини.

-Тие, покрај функционалните, рекреативните и социјалните функции, допринесуваат кон намалување на загадувањето и намалување и адаптирање на климатските промени. Со Зелениот катстар ќе се создаде база на податоци за точната местоположба, големината и состојбата на зелените површини. Ќе се создаде можност за евидентирање на сите промени кои се случуваат на зелените површини,, соопшти Стефковски.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: За службени трошоци Владата лани потрошила пари колку за 5 амбулантни возила
Следна вестСе потсетуваме ли доволно на големото дело на Даме Груев?