Општина Гази Баба стана општина со најголем број на активни случаи на корона вирусот откако со недели тоа беше Аеродром. Во Гази Баба вчера беа забележани вкупно 1.385 случаи што е за три повеќе отколку во Аердором каде имаше 1.382. Нeшто помалку случаи има во три скопски општини: Карпош – 1.199, Центар 1.157 и Кисела Вода – 1.154. Од нив значително помалку случаеви има во Ѓорче Петров – 779, Чаир – 590, Бутел – 513, Шуто Оризари – 166 и Сарај – 136.
На поширокото скопско подрачје состојбата е следна: Студеничани – 46, Арачиново -33, Илинден – 238, Сопиште – 63, Чучер Сандево – 106, Петровец –116, Зелениково -65, Странец – 165 и Нераспределен – 186.
Во Скопје до сега имаше вкупно 22.562 случаи а моментно активни се 9.479.