„Халк осигурување“, како компанија која континуирано инвестира во зголемување и модернизација на своите капацитети, ја сели својата генерална дирекција на нова локација, во корпоративната зграда Сити плаза, на ул. Мајка Тереза бр. 1 влез 2 во центарот на Скопје.
Новите модерни канцеларии на „Халк осигурување“, кои опфаќаат површина од 1.572 m² се опремени по највисоки стандарди, нудејќи одлични услови за работа за 60 вработени, но и пријатна атмосфера за своите деловни партнери и клиенти.
„Со огромно задоволното започнуваме една нова приказна за нашата компанија во сосема нов и современ простор. ‘Халк осигурување’ постојано се стреми кон обезбедување најдобри услови за работа за своите вработени, но истовремено и простор во кој ќе уживаат нашите добредојдени гости. Одличните резултати кои ги постигнува компанијата, зголемувањето на капацитетите и бројот на вработени, следствено со себе носат дополнителни позитивни промени кои треба да се направат во насока на нудење поквалитетни работни услови. Се радуваме на овој ‘нов почеток’ и искрено веруваме дека новиот простор ќе донесе многу нови успеси за нас, но и за нашите клиенти“, изјави Суат Инан, главен извршен директор во „Халк осигурување“.
„Халк осигурување“ е бренд во рамките на групацијата Халк, којашто претставува финансиска институција под покровителство на „Халкбанк Турција“. Како компанија со повеќе од 80 години традиција, денес Халкбанк е една од најголемите банки во турскиот финансиски сектор, додека, пак, на осигурителниот пазар во Турција, Халк осигурување опслужува милиони корисници и успешно работи повеќе од 60 години.
„Халк осигурување“ во Република Северна Македонија во моментов брои 135 вработени и располага со продажна мрежа од вкупно 44 подружници во 22 градови низ целата територијата на државата. Продажната мрежа на ‘Халк осигурување’ дополнително се зајакна кога кон крајот на 2019 година започна со продажба на сите свои полиси и продукти во над 40 филијали на Халкбанк АД Скопје, добивајќи можност своите квалитетни производи уште повеќе да ги доближи до граѓаните.
Мисијата на ‘Халк осигурување’ вклучува олеснување и збогатување на животот на физичките лица и корпорациите преку понуда на индивидуални и корпоративни решенија за осигурување, корпоративна општествена одговорност, обезбедување одржливост и квалитетна услуга, но и обезбедување задоволство на клиентите, акционерите и на вработените. Од ‘Халк осигурување’ велат дека компанијата и натаму ќе продолжи да се посветува на подобрување на квалитетот на услугите на своите клиенти и задоволството на своите вработени на еден конзистентен начин.
(ПР текст)