Извршен на ВМРО-ДПМНЕ: изборите беа недемократски, Мицковски ќе продолжи со преговори за мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот комитет, прва
по одржувањето на предвремените парламентарни избори, на која се
разгледала актуелната општествено политичка состојба и се анализирале
резултатите од избори.
Извршниот комитет заклучил дека изборите се одржале во недемократска
атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на
СДСМ. Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци и
неправилности на денот на изборите.
„Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во
најголем број општини, и воедно издејствува поголем број мандати
споредено со партијата СДСМ без коалицијата со Беса, соопштија од
партијата.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овластило претседателот Христијан
Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување ново
парламентарно мнозинство.