ГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија со 25, 4 отсто, ќе има ли стабилна Влада?

Конзервативаната партија на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија. Централната изборна комисија на Бугарија утринава објави дека по преброените 99 отсто од гласовите ГЕРБ е прва со 25,4 проценти од гласовите на граѓаните кои излегле на гласачките места. Второто место го зазема Продолжуваме со промените на Кирил Петков со поддршка од 20,21 отсто. Трети се ДПС со поддршка од 13,56 отсто.Партијата „Вазраждане“ е четврта со 10,17 отсто од преброените гласови. За БСП за Бугарија гласале 9,34 отсто од гласачите, а за Демократска Бугарија 7,45 отсто.

Над 4 отсто, процентуалната бариера за влез во парламентот, според досегашните информации, е и „Бугарски подем“ со 4,65 отсто, а „Има таков народ“ зема 3,84 отсто и моментално е под границата за влез во парламентот. „Стенд ап Бугарија“ доби 1,01 отсто, а ВМРО-БНД – 0,81 отсто.

По затворањето на гласачките места, Борисов најави отвореност за разговори со „сите партии“. Споре него првото сценарио е созавање на коалициона влада помеѓу десната коалиција ГЕРБ-СДС со либералите-партијата на етничкото турско малцинство „Движење за права и слободи”  и партијата десно од центарот „Демократска Бугарија”.

Изборниот резултат диктира дека ваквата коалициона влада ќе има тесно мнозинство од 124 пратеника во Собранието кое брои 240 пратенички места.

Претходна вестПретпладне претежно сончево, попладне можен дожд
Следна вестРечиси секој трет казнет возач во Скопје бил пијан