Ги праша ли некој скопјани дали може да се „збрише“ зеленилото заради брзиот автобуски транспорт?

Откако дел од медиумите објавија дека заради брзиот автобуски превоз без средишните зелени појаси, дрвја и цветови ќе останат булеварите: „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Партизански одреди“, скопјани пак се разочараа. Не им се верува дека некои од тие појаси кои се неодамна насадени, сега пак ќе се „збришуваат“ заради брзиот транспорт.

-Зошто ги садевте, наводнувавте? Зарем не испланиравте дека заради брзиот автобуски транспорт ќе треба да уништувате еко-систем? Некој анализира ли воопшто во локалната власт пред било што да направи?
-Ги прашавте ли вие Град Скопје сопствените жители дали се согласуваат со ова? Или сами ќе си делувате без да се грижите за желбите и животната средина на сопствените граѓани?
-Една засади, сто уништи! Да живее врзиот транспорт! Срам да ви е!
-Дај прво сите градски улици убаво санирајте ги, автомобилите ги искршивме, а после ако сакате и патека за формула изградете, коментираат на социјалните мрежи.

Очигледно е дека мнозинството скопјани не се сложуваат зеленилото да се уништи, но дали Градот ќе ги праша за мислење ќе треба да почекаме за да дознаеме. Ако остане вака тогаш ваквиот транспорт е далеку од еколошки како што Градот се се труди да го претстави, порачуваат скопјани.

Претходна вестБраво, Македонија победи иако Германија и со раце играше
Следна вест„Здраво млади“ ќе се одржи на 26 и 27 август