Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 870 прекршоци, соопшти денеска МВР.
Казната за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од осум дена чини 10 евра.
Ова е значително поголем бројна казети граѓани во споредба со изминативе денови. Вчера, на пример, биле казнети 593 граѓани, завчера 643, пред три дена 528… Ова го неметнува и прашањето дали полицијата решила да го заостри санкционирањето на овој прекршок од страна на граѓаните. Здравственитге власти постојано предупредуваат дека граѓаните недоволно ги почитуваат превентивните мерки.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19, се наведува во соопштението на МВР.