Ѓоковиќ доби забрана за влез во САД, нема да игра на мастерсите во Индијан Велс и во Мајами

Невакцинирањето против корона ворусот е причина за одбивањето на барањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ Ѓоковиќ да му се дозволи влез во САД за да настапи  на мастерс-турнирите во Индијан Велс и во Мајами,

Сенаторот од Флорида, Рик Скот објави дека добил таква информација.

-Ме информираа дека Министерство за домашна безбедност на САД го одби барањето на Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцини, што го прави неподобен за турнирите во Индијан Велс и во Мајами. Џо Бајден сега мора да го поправи тоа, да даде изземање и да му дозволи да се натпреварува во Соединетите Американски Држави, напиша Рик Скот.

Тој, заедно со сенаторот Марко Рубио испратија писмо до претседателот на САД, Џо Бајден, со барање да му дозволи на Ѓоковиќ да игра на турнирот во Мајами.

Турнирот во Индијан Велс е закажан од 6 до 19 март, додека во Мајами се игра од 19 до 2 април. УС Опен е на програмата од 28 август до 10 септември, па српскиот тенисер и неговиот правен тим ќе имаат време да се борат за настап на гренслем турнирот.

Претходна вестКазнети 246 возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 11 за возење без дозвола…
Следна вестНов оглас за професор и ново рангирање, се најде компромис во Математичко – информатичка гимназија