Темно Режим Светло Режим

Ѓоковиќ и по АО ќе остане на првото место на АТП листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, што значи дека нема шанси по завршувањето на првиот грен слем во сезоната да се врати на првото место на АТП листата.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе остане на првото место и по завршувањето на Австралија опен.

Ѓоковиќ ќе биде број 1 сигурно до 19 февруари.

Тоа значи дека Новак ќе има 412 загарантирани недели на чело на АТП листата.

Advertisement

Шпанецот имаше можност во случај на победа да стигне до врвот на листата во Мелбурн, бидејќи Ѓоковиќ го брани трофејот, а минатата сезона тој не играше поради повреда, што значи дека не бранеше ниту еден поен.

Ѓоковиќ може дополнително да ја зголеми предноста пред Алкараз. Во полуфиналето на грен слемот во Мелбурн Новак ќе игра против Јаник Синер, додека во второто полуфинале покрај Зверев е и Данил Медведев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Докторка во Германија доби отказ затоа што ја напуштила работата 28 минути порано

Следниот Пост

Малолетници згрижени во јавни установи од Скопје пријавени за исчезнати