Македонија ги дозна потенцијалните ривали во баражот за пласман на СП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација ги дозна имињата на потенцијалните ривали во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година. Македонија со пласманот на ЕП се избори за место во првиот шешир, заедно со: Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Холандија, Исланд, Шпанија, Црна Гора, Чешка и Полска.

Во вториот шешир се Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Фарските острови, Швајцарија, Романија и Грција, а во март ќе бидат познати уште четири селекции од претквалификациите.

Кога станува збор за Светското првенство, 18 репрезентации веќе изборија пласман.

Сигурни учесници се Хрватска, Данска и Норвешка, како три земји домаќини. Од Европа пласман изборија полуфиналистите од ЕП Германија, Шведска и Франција.

Како најдобри селекции од Азиското првенство се пласираа Бахреин, Катар, Кувајт и Јапонија.

Бразил, Аргентина и Чиле се најуспешни во Јужна Америка, а од Африка на Мундијалот ќе играат Алжир, Зеленортските острови, Египет и Тунис.

Претходна вестМаск стравува од кинеската конкуренција околу електричните возила
Следна вест„Виваком“ повторно е во топ-10 најбрзо растечки компании на глобално ниво за деловни сателитски услуги