Темен режим Режим на светлина

Маск стравува од кинеската конкуренција околу електричните возила

Електричните возила ќе ги потиснат другите автомобили. Вака зборуваа пред извесно време од американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“. Сега пак од таму има друга порака.

– Вкупниот приход скокна 19 отсто, на 96,8 милијарди долари, по скокот на испораките. Нето-добивката порасна за истиот процент достигнувајќи 15 милијарди долари. На крајот на годината приходите нагло забавија, со стапка на раст од само три отсто, а раководството предупреди дека очекува значително послаб раст во 2024 година, велат од „Тесла“.

Извршниот директор Илон Маск предупреди дека кинеската конкуренција „повеќе или помалку ќе ги уништи повеќето други автомобилски компании во светот“ доколку не се воспостават трговски бариери. Повикот на Маск за трговски бариери на сè поконкурентниот пазар следува по извештајот, кој покажа дека кинескиот BYD го надминал „Тесла“ во продажба во четвртиот квартал.

Дополнителен проблем е падот на продажбата по неколку добри години, забележува Би-би-си.

Кинеските производители исто така ги намалија цените за да ја зголемат продажбата, а Европа забележа пад од речиси 17 проценти во декември во споредба со истиот месец во 2022 година, според здружението ACEA.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Унгарија не брза со гласањето за прием на Шведска во НАТО

Следна објава

Македонија ги дозна потенцијалните ривали во баражот за пласман на СП во ракомет