Унгарија не брза со гласањето за прием на Шведска во НАТО

Приклучувањето на Шведска во НАТО стана долга приказна, скоро па како македонската. Имено, потребно е официјално одобрение од сите 31 земја-членка, но тоа се уште се нема случено од страна на Унгарија. Претходно, одобрението на Турција генерално се сметаше за најголемата преостаната пречка што треба да се надмине.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека ќе ги повика пратениците да го одобрат приемот на Шведска при првата можност. Парламентот во моментов не заседава. Како што пренесуваат медиумите Претседателот на унгарскиот парламент денеска изјавил деканема итност за одобрувањето на членството на Шведска во НАТО.

Опозициската Социјалистичка партија соопшти дека ќе свика итна седница за одобрување на кандидатурата на Шведска за пристапување во НАТО, која е во застој во законодавниот дом на Унгарија од средината на 2022 година и покрај постојаните ветувања на Орбан дека ќе ја поддржи.

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска рече дека Унгарија веројатно е свесна дека претходно сооопшти дека нема да биде последната членка на НАТО што ќе го ратификува барањето на Шведска за приклучување кон одбранбената алијанса.

Претходна вестСе чека само амин од Финансии за да 1.117 вработени со договор на дело во здравството добијат трајни вработувања
Следна вестМаск стравува од кинеската конкуренција околу електричните возила