Ѓоковиќ пак покажа дека е најдобар тенисер во светот: Многу сум горд…

Големиот тениски мајстор Новак Ѓоковиќ повторно покажа дека е најдобриот тенисер во светот. И тоа го покажа токму преку младиот Карлос Алкараз за кого велат-прогнозираат дека ќе биде негов наследник.

Доцна синоќа по скоро четири часа на фуриозна игра од двајцата врвни спортисти и тоа по најголема жештина во Синсинати (САД) Ѓоковиќ го совлада Алкараз иако губеше по првиот сет, а во вториот дури спаси и меч топка на противникот. Србинот покажа неверојатна стабилност, упорност и сила за да го сврти натпреварот во своја корист. Спектакуларното финале заврши со резултат 7:5, 6:7, 7:6.

– Тешко е да се опише со зборови. Еден од најтешките натпревари што сум ги одиграл во животот. Не е важно турнирот, категоријата, противникот, исходот. Неверојатно, од почеток до крај. И двајцата поминавме низ толку многу подеми и падови. Кревање, враќање, лоши поени, добри поени… Дефинитивно еден од највозбудливите натпревари во целата моја кариера. Затоа продолжувам да играм тенис, многу сум горд. Никогаш не се сомневав дека можам да испорачам ваква игра кога е најважно. Воодушевен сум, истакна Ѓоковиќ на ккрајот од меќот кога во еуфорија и набој го го искина сопствениот дрес.

Овој неверојатен меч ќе се памети уште долго и поради фактот дека е најдолг кој се играл на овој турнир. Дамка остава само тоа што организаторите без нималку милост ги ставија двајцата тенисери да играат во пладневен термин за да имаат повеќе гледаност ширум светот. Температурите и сонцето беа пресилни. Но, Ѓоковиќ иако имаше на моменти видливи кризи се издигна како феникс и победи.

Инаку, ова е последен голем турнир пред последниот гренслем-турнир во годината, пресметката на „Ју-Ес опен“, каде Новак и Алкараз да се главни фаворити за пласман во финалето.

Претходна вестЦУК: Изгаснати 22 пожари во последното деноноќие
Следна вестЗошто немаше публика за македонските одбојкари?