Ѓорческа чека влез на Вимблдон, визата за Велика Британија уште не е одобрена

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа треба да настапи во квалификациите за Вимблдон, но пред неа има административни пречки, уште не ѝ е одобрена британската виза.

Таа апликацијата ја пополнила уште пред 20 дена, а имала и разговор за добивање на потребната виза, но одговор уште нема.

Квалификациите стартуваат на 24. јуни, Ѓорческа добила ветување од организаторот дека ќе преземе чекори за таа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ да ја добијат потребната виза за влез во Велика Британија.

Ова за Ѓорческа треба да биде втор настап на Вимблдон. Првиот беше во 2017 година кога исто поради визата дојде на еден ден пред мечот, со што немаше време за прилагодување на тревнатата подлога.

Доколку Лина добие виза во следните два дена, во план е настап и на турнир од рангот W100 во Англија.

Претходна вестМицкоски: Меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе е инвестиција во енергетиката – нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш
Следна вестДарио Ивановски со порака пред ОИ во Париз: Гладен сум!